Пејачката Ана Николиќ ќе снима реално шоу по примерот на најпознатата реалити ѕвезда Ким Кардашиан.
„Мојот живот е навистина интересен и затоа дојдов до ваква идеа“, неодамна изјави убавата пејачка.
„Се уште не можам да ви кажам ништо конкретно. Моментално сме во фаза на преговори, размислуваме за тоа како би требало шоуто да изгледа. Не знаеме ниту колку би се снимало, ниту пак колку би се емитувало. За деталите ќе проговорам ведаш кога ќе завршат преговорите“, додал Марко Николиќ, братот на Ана во интервју за Блиц.
Ова шоу би можело да го реализира продуцентската куќа „Vision team“, кои минатата година преговараа и со пејачката Наташа Беквалац. Според нивните планови снимањето требаше да трае 30 дена, но поради побараниот астрономски хонорар од 200.000 евра, целите преговори се откажаа.