Во најновата реклама за X-Factor, контроверзниот Сајмон Кауел, во стилот на предизборната кампања во САД, ги оцрни останатите судии од неговото шоу, изложувајќи ги нивните најголеми недостатоци, вклучувајќи ја и навиката на Бритни Спирс да флертува со натпреварувачите. Потоа мудро заклучи – Сајмон Кауел е судијата што америка го заслужува.