„Преку спортската фер игра само симболично го најавуваме она што ќе се случува и зборува на 1 и 2 октомври во Скопје, толерантност, меѓусебно разбирање и мирно решавање на конфликти.
Во овој мировен кошаркарски натпревар поканивме да учествува подмладокот на македонската кошарка од причина што сакаме преку игра и забава порака за фер игра и позитивните вредности да ги пренесеме и на младите“, изјави Амриш Чандра, Главен координатор на Сахара балканскиот мировен фестивал.
Кошаркарска екипа составена од вработение во Сахара Македонија и младите кошаркари играа натпревар посветен на мирот. Basketball 4 Peace беше наречен мировниот кошаркарски натпревар, инициран од Сахара Групацијата како уште една од активностите за најава на престојниот Сахара балкански мировен фестивал.
„Сите овие активности што ги организиравме во изминатиов период беа само во една насока, промовирање на мирот и добрите меѓусебни односи, а тоа се постигнува со убава мисла, песна, игра, спортски фер плеј. Преку спортската фер игра само симболично го најавуваме она што ќе се случува и зборува на 1 и 2 октомври во Скопје, толерантност, меѓусебно разбирање и мирно решавање на конфликти. Во овој мировен кошаркарски натпревар поканивме да учествува подмладокот на македонската кошарка од причина што сакаме преку игра и забава, пораката за фер игра и позитивните вредности да ги пренесеме и на младите“, изјави Амриш Чандра, Главен координатор на Сахара балканскиот мировен фестивал.
Кошаркарскиот натпревар посветен на мирот и толерантноста имаше и свој победник. Двајца спортисти, Леон Крстевски и Леонид Тодоровски покажаа најспортски дух, талент и вештина за што беа наградени од Сахара Групацијата, секој со чек на паричен износ од 800 евра.
Мировниот кошаркарски натпревар имаше и свои гости кои ги бодреа екипите, од македонската политичка сцена како и од дипломатскиот кор, Кристофер Ивон, амбасадор на Обединетото Кралство, Билјана Беличанец Алексиќ, градоначалник на Општина Кисела Вода, Тони Трајковски, градоначалник на Општина Гази Баба, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Александар Пујовски како и најдобриот кајакар во Македонија Атанас Николовски.
Натпреварувачкиот дух беше подгреан од педесетина моторџии кои после поворката низ скопските улици пристигнаат на трибините на Basketball 4 Peace и заедно со присутните ги бодреа екипите.