Садула Дураки стана вицепремиер

На денешната 142-ра владина седница, новиот Министер за политички систем и односи меѓу заедниците, кој јавноста ја воодушеви со своите познавања од Internet Explorer, а кој претходно се докажа и на функцијата Министер за небавење со граѓаните за животна средина и просторно планирање – Садула Дураки, е назначен за Заменик на Претседателот на Владата, односно вицепремиер на Република Северна Македонија.

Одлуката е објавена заедно со останатите заклучоци од владината седница, на сајтот на Владата.

Иако јавноста очекуваше Дураки да биде еден од првите што ќе ги фати „метлата“, носителот на институционалната и политичка меморија на ДУИ (како што го нарече вицепремиерот Бујар Османи) сепак одолеа на „чистката“ и се искачи директно во врвот на државното раководство.

 

- Реклама -