Белата куќа објави меморандум каде што бара од американската вселенска агенција НАСА да се воспостави нов месечев метеоролошки стандард до 2026 година.
Тоа значи дека Месечината ќe биде посебна временска зона, и треба да биде наречена Координирано лунарно време. Целта е секој астронаут да го употребува тој утврден часовник, што би помогнало во водење на идните мисии на Месечината.
По правилата на физиката, на друго природно вселенско тело, времето би течело поинаку отколку на Земјата.
– Истиот часовник што го имаме на Земјата, на Месечината би се движел со различна брзина, изјави Кевин Когинс, раководител за вселенска комуникација и навигација во НАСА.
Астронаутите од САД, Кина, Јапонија, Индија, Русија итн. сега се раководат според времето на централата во својата земја од каде се испратени на Месечината. Инаку, и Европската вселенска агенција (ЕСА) работи на воспоставување временска зона вон оние на Земјата.