„Сѐ уште можам нешто да сторам “ излезе од печат новиот роман од Фросина Пармаковска

Деновиве излезе од печат новиот роман на Фросина Пармаковска „Сѐ уште можам нешто да сторам “ како книга бр. 226 во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа Или-Или.

Романот„Сѐ уште можам нешто да сторам “ е роман за денешнината, за реалноста која е таква каква што ја гледаме, таква каква што ја живееме со сите недостатоци, предизвици и последици од стапиците што ни ги носи современото живеење.. Како и во другите романи на Пармаковска, и во овој роман се доминантни психологизацијата на главнот и останатите ликови од една страна, но и личните подеми, падови и резултирачкиот раст, созревање на главниот лик од друга страна. Ова е роман за суштинската промена однатре, промена која настапува како резултат на силни и длабоки потреси, искрени соочувања со Себеси, долги разговори во себе низ бројни непроспиени ноќи, роман за чудесното, соништата и постојаното поместување на границата помеѓу тие два света: реалното и чудесното

Фросина Пармаковска е родена во Скопје, 1985 г. Дипломирала на Филолошки факултет, катедра за Општа и компаративна книжевност. Магистрирала на Институт за македонска литература, на Културолошки студии. Авторка е на романите:Пишувајќи ги изгубените топкиВишнова хроника, Одбројување ( роман на годината за 2017 г.) и На враќање.

- Реклама -