Италијанските научници неодамна дојдоа до интересни резултати во истражувањето на рузмаринот. Тој делува одлично кај луѓето со Aлцхајмерова болест и влијае врз подобрување на меморијата.
Рузмаринот е билка која има долга традиција на користење што ги навело италијанските научници подлабоко да истражуваат. Рузмаринот се користел уште од многу одамна во народната медицина, а меѓу луѓето се смета како мелем за мозокот.
Освен екстрактите кои се внесуваат, од рузмаринот се прават и разни екстракти кои се користат при ароматерапија и разни шампони. Според познавачите на народната медицина, овие екстракти ги помагаат периферните нерви и преносот на информациите помеѓу невроните, а според научниците екстрактот од рузмарин делува врз спречување на прогресивното пропаѓање на нервното ткиво при Алцхајмерова болест.
Освен што рузмаринот делува против Алцхајмеровата болест и за подобрување на меморијата, рузмаринот според научниците го подобрува и дишењето, работењето на бубрезите и варењето на храната.
Рузмаринот го подобрува и кардио-васкуларниот систем, протокот на лимфата, а е делотворен и при зараснување на раните и изгорениците.