Обвинителката од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција – Вилма Русковска, поднела жалба на ослободителната пpeсуда за оперскиот пејач Игор Дурловски за yпадот во Собранието на 27 април, и тоа уште пред два месеца, во екот на аферата „Рекет“, објави ТВ „Алфа“.
Тоа го потврдиле и од нејзиниот кабинет, како и од Кривичниот суд. Од кабинетот на Русковска велат дека жалбата ја поднеле откако ја проучиле пpecудата и констатирале недостатоци, во законскиот рок. Од Апелација не одговараат конкретно дали жалбата за Дурловски е пристигната, но потврдуваат дека целокупниот предмет за 27 април е даден во вишото јавно обвинителство на оценка, по што треба да биде доставен до нив. Од Кривичниот суд, кој откако ќе ја добие има рок од седум дена да ја достави жалбата до Апелација, велат дека уште летово целокупниот предмет бил испратен до Апелација, заедно со сите жалби и забелешки.
Како што пренесува „Алфа“, жалбата на Русковска засега нема разврска. На ослободителната пpecуда за Игор Дурловски, кој беше обвинет за „Тepopистичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, потпишана е судијката Добрила Кацарска, која во една прилика изјави дека токму таа ѝ била најтешката пpecуда во кариерата.
„Ги имаме сите докази, но од овие докази не произлезе дека обвинетиот го сторил делото за кое беше обвинет. Предметот се однесува само на настаните од 27 април, а не и претходно. За Игор Дурловски имаме само доказ дека влегол во Собранието, се наоѓа во пленарната сала, и ја пее химната. Точно е дека се поздравува со дел од присутните, но не остави простор макар за минимален сомнеж дека има контакти и е поврзан со останатите учесници во постапката“, рече тогаш Кацарска, додавајќи дека да имало барем уште некој доказ, пресудата немало да биде ослободителна.