Русковска ги „тpeсе од гaќи“ обвинителите од СЈО

Истражители од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција денеска влегоа во СЈО за да ја чешлаат финансиската документација, вклучително и сите договори за вработување, договорите за доверливост, исплати на плати, надоместоци и бонуси, објавија повеќе медиуми.

Ваквиот потег на обвинителката Вилма Русковска доаѓа откако преку базата „Отворени финансии“ излегоа на виделина огромните бонуси што Јанева си ги делела прво сама за себе, а потоа и за останатите обвинители и соработници, во име на „додаток на доверливост“, односно за да не ги откриваат содржините од прислушуваните разговори. Како што веќе беше објавено, Катица Јанева во текот на мандатот си доделила околу 157.000 евра покрај платата, од кои 22 месеци по ред си исплаќала по околу 4.000 евра, односно 250.000 денари. Останатите обвинители во форма на бонуси добиле помеѓу 70 и 100 илјади евра.

Претресувајќи ги финансиските документи на СЈО, Русковска ќе трага по финансиски злoyпотреби и ќе оценува дали исплатите на додатоци со вакви суми надвор од платата биле законски.

 

- Реклама -