635 килограми тешката мечка Степан е вистинска ѕвезда во Русија, барем колку што може да биде една мечка. Не само што е чест субјект на фотографот Олга Баранцева, туку има „глумено“ и во повеќе од 20 руски филмови.
Овој пат, Степан го гледаме како мирно си игра со човечко семејство во шумата, како сите да се дел од истата група. Оваа фото-сесија е дел од кампања против лов на мечките, која преку прикажаната неочекувана хармонија меѓу два страшно различни животински вида, ја покажува меката, слатка страна на животното на кое обично гледаме како на предатор.
Додуша Степан е пораснат за да биде фин со луѓето. Уште кога бил мече, бил спасен од ловците од професионалниот циркуски тренер Јури Пантелеенко, кој го истренирал да биде мирен и послушен.
Сепак, има нешто посебно во тоа да се види вака моќен ѕвер во потполно пријателска атмосфера додека кампува со луѓе.