Рускиот авион бил срушен од терористички напад

Причината за несреќата на рускиот патнички авион A321 во Египет бил терористички напад, соопшти директорот на руската Федерална служба за безбедност Александар Бортников на рускиот претседател Владимир Путин, пренесоа агенциите.

“Во урнатините од авионот се пронајдени траги од експлозив со странско производство”, изјавил Бортников.

“Затоа причината за падот на A321 е експлозија на импровизиран уред”, додал директорот на службата за безбедност.

Сомнеж во вработени на аеродромот во Шарм ел Шеик

Египетските власти се сомневаат во двајца вработени на аеродромот во одморалиштето Шарм ел Шеик во врска со соборувањето на рускиот авион А321, пренесе Reuters.

“17 лица се уапсени, а двајца се осомничени дека помогнале за доведување на бомбата на авионот на аеродромот во Шарм ел Шеик “, изјави претставник на египетските сили за безбедност.

- Реклама -