Павел Ушанов (33), директорот на руската телекомуникациска компанија „Devino Telecom“, се наоѓа во бегство откако до непрепознатливост ја претепал неговата 27 годишна девојка, манекенката Алесандра Середа.
Тие биле заедно две години, но, Александра одлучила да го напушти младиот милионер. Откако му го соопштила тоа, бесниот Ушанов дошол до нејзниот стан, и започнал да ја удира со боксови уште во моментот кога таа ја отворила вратата. Таа тврди дека константно ја удирал цели десет минути и дека иако му повторувала дека ќе ја убие, тој и велел: Добро е, зошто тоа и го сакам.
Сепак, манекенката Середа некако успеела да ја отвори вратата и да побегне од станот. Полицијата дошла веднаш, но Ушанов исчезнал.
Середа со брза помош била веднаш пренесена во болница, а кога ги видела фотографиите од себе после нападот се исплашила бидејќи сметала дека изгледа како зомби од хорор филм.
За Павел Ушанов е распишана потерница.