Руската „Винторез-М“ со право ја сметаат за најтивката снајперска пушка на светот (видео)

„Винторез-М“ претставува усовршена варијанта на снајперската пушка „Винторез“ која се наоѓа во вооружувањето уште од 1987 година. Покрај подобрената прецизност и стабилност, најважната одлика е исклучително ниското ниво на „бучава“ што оружјето ја произведува за време на пукањето. Практиката покажа дека на оддалеченост од 100 метри мошне тешко може да се распознае тресокот од испукувањето, а камо ли во екот на вистинска борба. А тоа се покажало како клучна одлика што придонесува за елиминирање на повеќе цели, во многу примери.

Ѕирнете го видеово, а целиот текст со повеќе детали читнете го на Руска Реч.

- Реклама -