Руската амбасада објави меил од „Макфакс“, за да послужи „како сведоштво за антируската параноја“ (ФОТО)

Денеска, на официјалниот Твитер профил, руската амбасада во Македонија објави меил со прашања што ги добиле од македонската новинска агенција Макфакс.

Целта на објавата, како што објаснуваат во твитот, е да послужи како сведоштво за, според нив, паранојата која намерно се создава околу Русија и руското влијание во Македонија.

Друг коментар околу наведените прашања, нагласуваат од амбасадата, нема да има.

ЛИНК до твитот

- Реклама -