Жешките летни денови можат целосно да го спасат човештвото од коронавирусот, бидејќи вирусот станува речиси незаpaзен на воздушни температури од над 30 степени Целзиусови, објави руската федерална Агенција за заштита на правата на потрошувачите и човечка благосостојба – „Роспотребнадзор“.
„Новиот коронавирус SARS-CoV-2 не ја сака жештината и речиси целосно ја губи својата инфективна активност на температури над 30 Целзиусови“, велат од Агенцијата, одговарајќи на прашања од граѓани на владиниот вебсајт специјализиран за информации за коронавирусот и борбата против Ковид-19 во Русија, пренесува Russia Today (RT).
Директната сончева светлина и ниската влажност се исто така меѓу факторите што ја ослабнуваат болecта, додека температурата од над 70 степени Целзиусови е границата над која коронавирусот целосно се деактивира, велат од агенцијата.
Од друга страна, неколку најнови истражувања ширум светот покажаа дека иако температурите и условите влијаат на вирусот, нивното влијание сепак е минимално.