Уривање брана (видео)

бранаЦели 98 години Браната Кондит висока 38 метри во југоисточниот дел на државата Вашингтон ја блокирала реката Вајт Самон, создавајќи мирно езеро но спречувајќи го движењето на лосос. Во последната среда од октомври браната била срушена, по што еколозите се надеваат дека зголемениот проток на вода ќе ги врати рибите, како и птиците и цицачите кои зависат од нив.

Отстранувањето на браната се случило само неколку недели по отстранувањето на друга брана која се наоѓа на само неколку часа северно. По испуштањето на водата браните ќе бидат постепено отстранети во процес кој ќе трае околу три години. Побрзо отстранување не е возможно поради насобраните наслаги на дното од езерото. Наслагите се видливи во видеото, и во темната вода која истекува и во езерото.

Енди Масер од Maser Films поставил неколку камери за да го сними процесот. Тој планира да ги документира промените во регионот во наредните неколку месеци. Безбедноста околу акумулацијата била зголемена за време на празнењето. Толку малку брани се рушат што инженерите немаат искуство за тоа како празнењето ќе влијае врз брегот. PacifiCorp, компанијата која го поседува земјиштето проценила дека езерото ќе се празни околу шест часа, но Масер вели дека се испразнило за помалку од два.

{youtube}4LxMHmw3Z-U{/youtube}

Масер исто така посочил дека, според официјални претставници, секој што би бил доволно блиску да го види рушењето ќе имал проблеми со слухот поради експлозијата. Од PacifiCorp, која е сместена во Портланд, решиле дека е поевтино да ги добиваат 14те мегавати од друга локација отколку да градат скапи „скали“ и други модификации за минување на рибите кои се потребни за обновување на дозволата. Според проценките, отстранувањето на браната ќе чини 32 милиони долари додека модификациите би чинеле околу 100 милиони.

Вајт Самон реката течи од падините на Маунт Адамс и течи до реката Колумбија. Претходно, лосос и јагули можеле да мигрираат само 5,3 километри пред да бидат блокирани од браната. Сега тие би требало да можат да се движат многу подалеку. Пред рушењето на браната биолозите ги преместиле рибите кои веќе почнале да се мрестат пред браната за да не бидат закопани. [Spectacular time lapse video of historic dam removal]

- Реклама -