Нема кој не влегол во домаќинска продавница во помал град или селце во Македонија. Одиш во Крушево и газдата на коперацијата под куќата кај што си сместен ти вади тепсија сирење, локал крушевско (најпобољи). Има, има се` уште вакви остатоци не само кај нас, па и низ цел Балкан, па и во Аргентина.
Кога велиме Аргентитна обично мислиме на Буенос Аирес, софистициран и космополитски град. Сепак, фотографот Гилермо Сордек – Харт, патувајќи низ целата земја во текот на изминатите неклку години останал фасциниран од руралните делови на земјата. За време на посетата на малите локални продавници, сфатил дека сите се поврзани со минатото на земјата. Од приказните на мештаните тој дознал повеќе за музеите, поштите, месарниците, пекарите и баровите. Многу семејстава малите продавници ги работат со генерации, тие се срцето на секое семејство.
Гилермо се обиде да го сними минатото кое исчезнува со новите генерации кои сакаат да раскрстат со сите врски со традицијата и среќата да ја побараат во големите градови. Еве што вели за сето тоа Гилермо, пред да замине на промоцијата на неговата нова книга Stories.
Уште од дете сум поврзан со руралните делови на земјата. Дедо ми работеше со волна во Аргентина, но тоа ништо не мизначеше додека не наполнив 20 години, кога се преселив во САД. Тогаш сфатив колку всушност ја сакам својата земја и колку сакам да ја истражувам. Полека, моите фотографии почнаа да претставуваат главен белег на мојот идентитет.
Овие места се многу сложени. Сопственикот на продавницата Cuatro Esquinas ми објасни дека ги знае имињата на сите луѓе кои доаѓаат тука, ги знае нивните проблеми и пробува да најде решение за секого. Луѓето се дружат тука, а тоа е особено важно во градовите кои се многу изолирани.
Сопствениците на Cuatro Esquinas својата продавница ја сметаат за музеј, бидејќи местото постои веќе долго време, а жителите почнаа на сопственикот да му носат свои лични работи.
Мештаните одлично ме дочекаа, нема многу посетители кои доаѓаат и сакаат да знаат како им оди бизнисот на овие мали продавници. Кога ќе дојде некој од градот и бара да му кажуваат за нивните животи, за работата и за идентитетот, за нив тоа претставува голема чест.
Овие луѓе се обидуваат да ја префрлат работата на свиоте поколенија, ама им оди многу тешко. Обично, кога ќе умре некој од сопствениците, новите генерации не сакаат да продолжат да работат, бидејќи и тие самите знаат колку е тешко.
Еден дрвосесач ми раскажа како неговиот син кој е програмер, секогаш кога ќе дојде да го посети, го прашува како може да живее живот во кој не добива никаква парична награда. Тој сепак разбира дека денес се живее поинаку.