Ова едноставно и вкусно јадење е одлично за оние не сакаат долго да стојат во кујната, или пак, немаат многу време за подготовка. Наведената количина е доволна за четиричлено семејство.
Состојки:
500 гр. шпагети
400 гр. шампињони
1/2 кромид
1 дл. масло
1 лажица брашно
1 дл. кисела павлака
150 г. кашкавал
сол, бибер
Подготовка:
Ставете ги шпагетите да се варат според упатството на кесичката. Кромидот исецкајте го ситно, па динстајте го околу 10 минути на масло, а потоа додадете ги исецканите печурки, па сето тоа заедно динстајте го околу 10 минути.
Изматете го брашното со малку вода и додадете ги печурките и лукот, оставете ги на шпорет уште 5 минути и на крајот додадете ја павлаката, солта и биберта. Сето тоа ставете го врз шпагетите. На крајот, посипете го кашкавалот и служете додека е топло.