Рубин Земон станува пратеник, Собранието го добива првиот Египќанец

Ослободеното пратеничко место на пратеникот на СДСМ – Томислав Тунтев, кој си поднесе оставка за да ја преземе функцијата Директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, ќе го пополни Рубин Земон – посебниот советник за развој на мултикултурно општество, интеркултурализам и интеркултурни комуникации на премиерот, пренесува „Фокус“.

По етничко потекло Земон е Египѓанец, па со тоа ќе стане првиот пратеник од оваа етничка заедница во Македонија. Тој е и активист за човекови права и етничка толеранција, како и универзитетски професор и претседател на Сојузот на Балкански Египќани. Во 2015-та Земон беше назначен и за заменик претседател на Алијанса за позитивна Македонија – формирана од Владо Бучковски.

Дел од македонската јавност, сепак, од скоро Земон го памети како човекот кој го прогласи македонскиот ракометен херој – Столе Стоилов, за „ментално нестабилен“ и „дупка во одбрана“.

 

- Реклама -