Росоклија: РАДОСТ ЗАРАДИ АПСЕЊЕ

РАДОСТ ЗАРАДИ АПСЕЊЕ

SCHADENFREUDE

Терминот опишува личност која наоѓа задоволство во несреќата на друг.

Сосема е небитно дали тој друг ,,заслужено“ или ,,незаслужено“ е несреќен.

Schadenfreude нас не опишува, зборува за нас, не за него или некого.

Реалностa ја создаваме ние, секој од нас.

За да уживаш во убаво, треба да создаваш убаво.

Никој нема да го создаде за тебе, никој нема да ти го даде. Ниту поединец ниту државата.

Каков свет посакуваш, таков свет градиш и во таков живееш.

Навидум живееме во ист свет, целата разлика е во нас.
.
.
*Schadenfreude е термин кој се употребува кога доживуваме задоволство во туѓата несреќа. Аристотел во ,,Никомаховата етика” за ваквото чувство го употребува терминот епикаирекакос (ἐπιχαιρέκακος).

Во основа, луѓето со ниска самодоверба заради личниот животен неуспех, кога гледаат несреќни луѓе околу себе, самите себе се доживуваат поуспешни и се барем за момент позадоволни со сопствениот живот.

- Реклама -