Неодамна се појавија гласини дека прекрасната Росарио Даусон се разделила од режисерот Дени Бојл, но како и за се останато, актерката не даваше никакви изјави. Сепак, иако сексипилната бринета е позната по тоа што се држи настрана од медиумите и не открива ништо за приватниот живот, во фотосесијата за „Net-A-Porter“ ги разјасни сомнежите.
„Не го споделивме со јавноста нашето соединување, па не гледам потреба зошто да го потврдуваме официјално и разидувањето“, изјавила Росарио со што на дискретен начин ги потврди шпекулациите дека нивните животи тргнале по различни патишта.