Најпосле се огласи Роналдо, не било до парите…

Откако во шпанските медиуми почнаа да кружат разно-разни теории за објаснување на неочекуваната „тага“ на Кристијано Роналдо во дресот на Реал Мадрид, а голем дел од нив и отворено го напаѓаат Португалецот, се огласи фудбалерот за да ги разјасни работите…

„Гледам дека моето расположение крена многу прашина во медиумите па сега сè и сешто се пишува за мене. Ме обвинуваат дека сакам повеќе пари, но тоа воопшто не е така. Еден ден и тоа ќе го разберете“ напиша Роналдо на својот Фејсбук профил.

Напаѓачот на Реал дополнува дека без разлика на сè и во иднина ќе дава сè од себе во дресот на „Кралскиот клуб“…

„Само сакам сите навивачи на Реал да знаат дека и натаму ќе давам сè од себе за успех на клубот и да не се сомневаат во мојата мотивација и преданост. Премногу се почитувам себеси и Реал за да би било поинаку“.

Прочитајте и:  Реал Мадрид се откажа од привлекувањето на Александер-Арнолд

Но, од друга страна шпанските медиуми веќе на големо навестуваат дека лутиот Флорентино Перез веќе подготвил сума за оштета доколку некој сака да го купи Португалецот.

„Нема никаква причина тој да биде незадоволен за нешто. Зошто тоа не ни го кажа пред да заврши преодниот рок па да реагираме навреме. Како и да е, ако сака да замине, ќе замине“ наводно луто реагирал Перез на вонредниот состанок на раководството на клубот.

Шпекулациите сега се дека доколку некој клуб сака да го откупи договорот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид ќе мора да плати 150 милиони евра.

- Реклама -