Фотографот Кристоф Џекрот смета дека за речиси сите фотографи најидеалните начини да го претстават светот се: или да го уловат во неговите најужасни мигови, или да ги сублимираат. Сепак, тој секогаш се одлучува за втората опција. Поконкретно, Кристоф лошите временски услови како пороен дожд, ветер или снег, успева да ги претвори во романтични мигови кои сакаме да ги доживееме.