Романскиот премиер Виктор Понта објави дека поднесува оставка.
Веста доаѓа неколку дена по трагедијата, при што во еден ноќен клуб во Букурешт загинаа 32 лица, а ден по големата демонстрација која беше спроведена во романската престолнина за барање од премиерот да сноси одговорност за последните случувања.
Освен во Букурешт демонстрации имаше и во други градови во Романија.