Романот на Влада Урошевиќ преведен на дански јазик

vlada-urosevic-11[1]
Романот на македонскиот писател Влада Урошевиќ – „Мојата роднина Емилија“, со поднаслов „Осумнаесет затворени раскази што сочинуваат еден отворен роман“, во оригинал на македонски јазик е објавен во 1994 година. По преводите на француски и на германски јазик, објавени во изминатите години, книгата сега, на почетокот од пролетта, се појави и во Данска и во Србија.
Во Данска ја објави издавачот Турбине форлагет во превод на Ерик Тау – Кнудсен, а во Србија издавачката куќа Градац во превод на Миленко Пајиќ.
Buch-Emilia_593128fe7b[1]
„Мојата роднина Емилија“ е едно од ретките книжевни дела на македонски писатели кои досега се преведени на дански јазик.
И двете изданија се објавени со помош на Комисијата за помагање на преводи на дела од македонската книжевност во странство при Министерството за култура.
- Реклама -