Светски познатата руска фотографка Елена Мартинјок e носителка на над 150 меѓународни награди и е авторот зад уникатниот проект „Мајсторот и Маргарита“ – серија од фотоилустрации кои се фотографирани на истите места кои се опишани во романот на Михаил Булгаков (издаден во целост за првпат во 1967 година).
Има точно 70 фотографии, а создавањето на целата серија траело неколку години. Љубителите на романот сигурно ќе уживаат во следната селекција, одбрана според фабулата на „Мајсторот и Маргарита“.