Порано Романија беше една од најсиромашните земји во Европа, но денес државата воопшто нема проблем со економскиот раст и невработеноста.
Европската држава оваа година ќе ја заврши со економски раст од 5%, бројка што не можат да ја постигнат ниту најбогатите европски економии.
Една од причините за намалување на невработеноста во државата е што Романците заминуваат во Шпанија и Италија откако влегоа во ЕУ. Поради ова, пазарот на трудот има поголема побарувачка на професионални профили.
Романија презема низа мерки за да се задржат лекарите и професорите во државата, отворена е за инвестиции на странски компании, се води кампања за штедење, а странците инвестираат сè повеќе во оваа држава поради одличната патна инфраструктура и брзиот интернет.