Денис Родман осуден поради долгови

Поранешниот НБА кошаркар Денис Родман e осуден на 104 часа друштвено-корисна работа затоа што не плаќал алиментација.

Се претпоставува дека познатиот скандал мајстор казната ќе ја одработи во некоја од детските кошаркарски секции.

Адвокатот на поранешната негова сопруга Мишел претходно изјави дека кошаркарот долгува 800.000 долари на име – издржување на своите две деца кои имаат 10, односно 11 години. Родман и Мишел се венчаа во 2003 година, а веќе следната година Мишел побара развод. Од тогаш траат нивните судски процеси околу наследството.

Објавено во соработка со Екипа.

- Реклама -