Cubestormer 3 е роботот кој успеа да го сруши светскиот рекорд во сложување на Рубиковата коцка за неверојатни 3.2 секунди. Претходно „човечкиот“ рекорд го држеше Матс Валк од Холаднија кој ја сложи коцката за 5.5 секунди, а него го победи Cubestormer 2 со мало подобрувања и време од 5.2 секунди.
Сега Cubestormer 3 ги воодушеви сите фанови на технологијата на саемот Big Bang во Бирмингем, Велика Британија, со навистина фанатастично брза реакција на решавање на 3D сложувалка како што е Рубиковата коцка.
Cubestormer 3 е всушност управуван од моќниот смартфон Samsung Galaxy S4 кој му ја дава компјутерската моќ на софтверот на роботот и овозможува брза и неверојатно прецизна анализа на самата коцка пред да започне со нејзино склопување, кое може да го погледнете во продолжение.
Текстот е објавен во соработка со Telefoni.com.mk