Обично е потребно блок сирење или голема мачка која ќе го брка, за глушецот да постигне максимална брзина. Но не и за овој неверојатен микроглушец. Роботскиот глодар успеал да мине низ комплициран лавиринт за само 3,921 секунда.
{youtube}CLwICJKV4dw{/youtube}
Роботот се натпреварувал на јапонско натпреварување за роботи микроглувци во Тсукуба. Неговата брзина била толку голема што истиот успеал да го подобри претходниот рекорд за цела секунда. Роботот, наречен Мин7.1, бил дизајниран од Нг Бенг Киат. Според Аутоматон, неговата максимална брзина била малку над 12 километри на час и истиот е само 10 сантиметри долг и тежи само 90 грама. Пред поставувањето на рекордот, роботот минал низ лавиринтот еднаш за да го научи. [Robotic rodent completes complex maze in record-breaking time]