Роби Вилијамс падна од сцената и ѝ скрши рака на обожавателка

Обожавателката сакала да се поздрави со својот омилен пејач, но сигурно не на ваков начин.Популарниот пејач Роби Вилијамс и ја скрши раката на своја обожавателка, откако паднал до сцената право на неа.

Во виеото може да се види како Роби тргнал да се поздрави со фановите во текот на настапот, но се лизнал и паднал.

Иако брзо  станал и продолжил понатаму, 52 годишната Маргарет Наш ја поминала целата ноќ во болница. Нејзината ќерка му пишала на пејачот на Твитер: „ Падна на мојата мајка и сега е во болница со скршена рака, а ти не и рече ниту „извини“.

Прочитајте и:  Сатиричната комедија „Бардо Тодор“ во режија на Сашо Кокаланов вечерва на сцената на НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево
- Реклама -