Роби Вилијамс им даде прилика на обожавателите да ѕирнат во неговиот приватен живот објавувајќи видео од неговата свадба.
Во видеото на кое може да се слушне новиот сингл на пејачот „Soul Transimission” се вметнати снимки од свадбата на Роби и Ејда Филд од 2010 година, како и од забавата по повод првата годишнина од бракот во градината во нивната куќа во Лос Анџелес.
Роби открива дека целиот спот ќе биде објавен следната недела.