Роберт Патинсон не ѝ дозволува на Кристен Стјуарт и скандалот со нејзиното мамење да ја забави неговата кариера.
Според неколку извештаи актерот, чиј најнов филм Космополис ќе има ограничена премиера овој петок, сега е поврзан со улогата на британскиот офицер Т.Е. Лоренс, попознат како Лоренс од Арабија, во новиот инди филм „Кралица на пустината“.
Т.Е. Лоренс еднаш веќе беше претставен во класикот на Дејвид Лин од 1962 година каде што беше игран од Питер О’Тул. Покрај Патинсон во филмот наводно ќе се појави и Наоми Ватс во улогата на англискиот писател Гертруд Бел. Лоренс и Бел станале блиски пријатели за време на нивната работа во Блискиот Исток основајќи ги Хашемитските династии во Јордан и Ирак.
Кристен Стјуарт јавно се извини за нејзината афера со режисерот на “Snow White and the Huntsman”, Руперт Сандерс. Патинсон кој тогаш беше во врска со Стјуарт, наводно бил изненаден од целата ситуација и многу тешко се справил со веста. [Robert Pattinson set to play Lawrence of Arabia]