Роберт Де Ниро се расплака пред камерите

de-niro_f

Говорејќи за својата улога во филмот „Silver Linings Playbook“, во која тој глуми татко на момче кое пати од биполарно растројство, Роберт Де Ниро се расплака пред камерите.

Режисерот на филмот, Дејвид Расел, има син кој страда од биполарност, па искуството и траумите од неговиот реален живот решил да ги преточи и на филмското платно, во филм во кој главните улоги ги играат Де Ниро и Бредли Купер.

Кога водителката Кејти Кјурик го прашала постариот актер дали тој чувствувал поголема одговорност бидејќи работел на филм во кој Расел вложил голем дел од себе, глумецот се расплакал.

„Секако, целосно го разбирам…“, одговорил Де Ниро, но морал да застане бидејќи започнале да му навираат солзи.

После куса пауза, тој додал дека многу добро знаел низ што поминува режисерот.

- Реклама -