Заборавете на страсниот фотограф кој талка низ шумата со камера барајќи идеално светло, Роберт Буелтеман работи во затворен простор, во комплетен мрак, без камери, објекти и компјутери.
Тој користи контакт кабли, оптички влакна и 80.000 волти електрицитет. Овој чуден спој на доктор Франкенштајн и Џорџија Окиф создава неверојатни фотографии кои ја доловуваат животната енергија на неговите субјекти додека процесот ги уништува.
Техниката на Буелтеман е инспирирана од Крилиската фотографија (процес за создавање фотограми користејќи висок напон кој бил популарен во триесетите) и се смета за толку опасна и напорна што никој друг не сака ни да се обиде.