Производство на топлина „Балкан Енерџи“ ДООЕЛ Скопје, по распишаниот тендер за јавна набавка на масло за греење – мазут до 55.000.000 кг, склучи договор со друштвото за производство, трговија и услуги – „РКМ“ ДООЕЛ Скопје на Ратко Капушевски.
Вредноста на склучениот договор, со вклучен ДДВ, е 1.381.072.000 денари или околу 22 милиони евра.
Според договорот, „Балкан Енерџи“ ќе набавува мазут во периодот октомври 2020 – април 2021 година, но единственно во случај на прекин на снабдувањето со природен гас во топланите.