Истражувањето спроведено врз 2 000 млади канцелариски работници покажало дека работата негативно влијаела врз нивната фигура во текот на првата година од вработувањето.
Дури 98% од испитаниците се соочиле со вишок килограми и поголем конфекциски број на облеката кога се вработиле. Како причина за тоа експертите ги наведуваат седењето, досадата и нездравата храна како на паузата така и во текот на работата.
Испитаниците изјавиле дека пиењето чај или кафе со колегите, како дел од корпорациската етика, им создава стрес поради тоа што не го контролираат консумирањето на слатки во текот и по работното време.
Исто така, дел од нив признале дека им е тешко да ги одбијат колегите кога им нудат нешто слатко за да ги почестат.
Горенаведеното го потврдиле и работничките задолжени за хигиената во компаниите кои ги набљудувале вработените и дошле до заклучок дека во текот на работното време вработените сакат да разговараат за храната како безбедна тема што го засилува апетитот дополнително.