Рита Ора признала како стравувала дека Роб Кардашијан ќе и ја уништи кариерата бидејќи започнал да шири „непотребни ср…“ за неа после раскинувањето.
Братот на Ким Кардашијан ја нападна британската пејачка на Твитер минатиот декември, обвинувајќи ја дека го изневерила „со речиси 20 момци“ и тврдејќи дека дури и затруднела од некој од нив.
Ора рекла дека неговиот јавен излив на бес „не е воопшто нејзин начин на терапија“ и се запрашала дали можеби неговото однесување на Твитер е „знак за ментална нестабилност“.
„Не зборувам за работи околу кои не сакам да привлекувам внимание. Зошто некој би перел мозоци на останатите луѓе со беспотребни срања“ изјавила пејачката за „Look“.
„Во мојот свет тие приказни се неважни. Твитер може да ви го уништи животот. Кога сте со некој во врска и тој одлучи неговите чувства да ги изрази на Твитер, тоа лично не е мој начин на терапија, но, претпоставувам дека секој различно реагира на раскинувањето. Треба да седнете и добро да размислите дали сте ментално стабилни пред да направите профил на Твитер.“
Ора, која во последно време е поврзувана со најдобриот пријател на Дејвид Бекам, вели дека сака повторно да пронајде љубов после бурниот раскин со Кардашијан.
„Чувството на осаменост е ужасно. Би сакала да имам дечко повторно. Сеедно ми е со што се занимава се додека ме засмејува. Обожавам да се смеам.“