Рита Ора се почесто со своите фанови на „Твитер“ споделува приватни фотографии, а сега одлучи и да покаже како ја донела својата линија во топ-форма пред почетокот на новата турнеја.
Пејачката се фотографирала само во долна облека и со раката го кренала џемперот за да им ги покаже на фановите нејзините дефинирани мускули на стомакот.
Под фотографијата напишала дека само што се вратила од ресторан и дека на вежбање потрошила дури 6 секунди. Сепак, тешко дека вакви стомачни мускули можат да се оформат со толку малку вежбање, па очигледно дека Рита Ора сакала само да се пошегува со нејзините фанови.