Ристовски: Подготвени сме да го вратиме спортот на пиедесталот на општеството

Министерот за спорт, Борко Ристовски во вечерашната „Топ Тема“ на „Телма“ изјави дека со самото формирање на Министерство за спорт, новата Влада дала до знаење дека е „подготвена да го врати спортот на пиедесталот на општеството“.

Инфраструктурно, вели, не може да се гордеат од каде почнуваат како министерство, но „ништо не доаѓа лесно во животот и во професијата“.

– Почнуваме речиси од нула, меѓутоа најважно од се е дека постои министерство за спорт и ќе го градиме тула по тула, истакна Ристовски.

Посочи дека Министерството за спорт ќе мора да биде поставено на вистински здрави основи за да може да функционира.

-Треба да креира политики коишто значат поставување на стратегија во кој правец ќе се движи спортот во Македонија, дали ќе се одлучиме за повеќе внимание во индивидуални спортови или колективни. Да направиме една градација на спортовите и да донесеме вистински стандарди по коишто ќе се надградуваат спортистите, спортските екипи, федерациите, индивидуаците итн, рече Министерот.

Прочитајте и:  Нема веќе спортисти на рекламите за обложување
- Реклама -