RIP новогодишни честитки

Со модерниот начин на живот и технолошкиот прогрес се повеќе расте бројот на електронски честитки, па недостасува она исчекување на поштарот пред празниците кој е тука за да ги достави пишаните желби на нашите наблиски.

Од година во година загрозено е постоењето на традиционалните шарени хартиени честитки. Исшарани со различни Дедо Мразовци, елени, џуџиња, бои, тие како да останаа заглавени во едно дамнешно време сместени во категоријата „Добри стари времиња“, па веќе на нив се присетуваме со блага насмевка, евоцирајќи спомени.

christmas card-bird

Кон истекот на оваа година мисијата на 365 е да ве поттикнеме да го вратите во живот ова слатко новогодишно задоволство. Ако сметате дека е премногу рано за да ја погребаме, приклучете се кон нашата цел и изненадете ги вашите најдраги. За изненадувањето да биде уште послатко,  погледнете неколку креативни идеи кои ги подготвивме за вас.

[youtube]http://youtu.be/XAgpKlvlTTg[/youtube]

[youtube]http://youtu.be/NMdh1Sg_InY[/youtube]

 

- Реклама -