Рио соларен град со урбан водопад

Покрај стандардните настани кои ги пропратуваат Олимписките Игри се чини дека се јавува и натпревар за создавање што е можно „позелени“ игри.

Зимските Олимписки Игри во Ванкувер покажаа неколку зелени иницијативи, вклучувајќи го и најголемиот „жив покрив“ во Канада. Лондон се подготвува да го надмине Ванкувер, но Рио планира да постави повисок стандард со одржување на првите Олимписки Игри кои нема да остават јаглероден отпечаток.

За да ја оствари оваа цел градот соработува со швајцарската компанија RAFAA Architecture and Design за создавање на Solar City Tower која ќе опфаќа прекрасен водопад кој генерира енергија. Кулата е прекриена со сончеви панели кои создаваат енергија за Олимпиското село преку ден додека вишокот енергија се користи за пумпање на морска вода во кулата.

Водата потоа се ослободува за погон на турбини кои генерираат енергија во текот на ноќта. За специјални пригоди водата може да биде испуштена по страната на кулата за да се создаде „урбан водопад“. Ова би било симбол за силите на природата а истовремено би било и „репрезентација на колективната свест на градот кон прекрасениот пејсаж во околината“.

Пристап до зградата е овозможен преку плоштад кој се наоѓа на 60 метри над морето кој може да послужи како место за собири и настани. Јавен лифт ги носи посетителите до платформа на 98-то ниво и балконот сместен на врвот, 105 метри над морето. RAFAA предлага Solar City Tower да биде изграден на Островот Котундуба кој се наоѓа на влезот во Заливот Гуанабара каде што би бил препознатлив пречек за сите посетители на Рио.

- Реклама -