Римејкот на филмот „Scarface” добива ново сценарио

Компанијата Universal соопштува дека сценариото за римејкот на филмот „Scarface“ ќе го пишува Џонатан Херман, објавува The Hollywood Reporter.

Филмот ќе биде во режија на Пабло Лараин од Чиле, кој привлече внимание на себе со филмот „No“, чија приказна се фокусира на политичката кампања која помогна во соборување на власта на некогашниот чилеански диктатор Пиноче.

Продуценти ќе бидат Марк Шмагер, Скот Стабер, Дилан Кларк и Марти Брегман, кој бил продуцент и во филмската верзија на „Scarface“ од 1983 година.

Иако насловот „Scarface“ повеќето луѓе ги асоцира на верзијата на Брајан де Палма од 1983 година, со Ал Пачино во главна улога, оригиналниот филм е снимен во 1932 година, во режија на Хауард Хокс и Ричард Росон.

Прочитајте и:  Паника во Холивуд, Клинт Иствуд (94) не дојде на премиерата на својот најнов филм: „Добар е, но многу е лут“

Претходните верзии на сценариото биле напишани од Пол Атанасио и Дејвид Ајер, а за сега се уште не е познато кој ќе се најде во главна улога во новиот филм.

- Реклама -