Иако неодмна се пожали дека денот на плажа и бил ужасен поради многубројните фанови кои ја принудиле да се затвори како животно, се чини дека Ријана конечно го најде мирот. Сепак, таа самата им покажа како изгледа тоа на фановите. Имено, видеото на кое беше снимена Рири на плажата во Полска каде незадоволно пцуеше зошто сите ја гледаат, таа вчера го замени со задоволна фотографија во бикини снимена во Виена, Австрија, која секако ја сподели со нејзините фанови. Иако малку контрадикторно, сепак пејачката повторно покажа завидна фигура, проследена со задоволно но мамурно лице на кое се уште се гледаа последиците од претходната ноќ кога беше снимена пијана на концертот на „Kings of Leon“.