Пејачката ќе се појави во четвртата епизода на новиот рекламен серијал „Secret Garden” кој се снима во Версај.
Промо филмот и фотографиите ќе бидат прикажани во текот на пролетта. Ријана така стана првата црнкиња која е заштитно лице на оваа модна куќа.
Пред неа, амбасадорки на Диор кои промовираа облека, парфеми и козметика беа Џенифер Лоренс, Марион Котилард, Натали Портман, Мерилин Монро, Грејс Кели, Шарлиз Терон…