Ријана никогаш не криела дека ужива во пушењето марихуана, а во најновите фотографии на Твитер им порача на властите дека конзумацијата на „трева“ треба да се легализира. Ден после настапот во Даблин, пејачката објави фотографии на нејзиниот Твитер профил, на кои се гледа како таа позира со два џиновски џоинти во устата.
„Легализирајте ја!“, напишала Ријана под фотографиите.
Се чини дека на пејачката од Барбадос се уште и е многу тешко поради раскинувањето со Крис Браун. Како што открил извор близок на поранешниот пар, тие двајца веќе не комуницираат ниту на Твитер, а Браун од претстојниот албум го тргнал нивниот дует „Put It Up“.