Веќе се навикнавме да ја гледаме Ријана во смели комбинации, но сепак, она во што се појави вчера ги помина сите граници. 25-годишната пејачка како да сака на секој начин да потсети на нејзиниот нов „сингл“ статус, па овој пат се одлучи да облече навистина невкусна маица на која е прикажана жена која се самозадоволува. Само неколку часа подоцна Ријана се преслече во комбинација која не беше ниту малку слична како предходната, па од обична улична девојка се претвори во модерна дама.