Болно: Ријана се тетовираше со длето и чекан (видео)

Ријана очигледно сака болка, па со насмевка ја бришеше крвта додека се тетовираше со длето и чекан.

25-годишната пејачка го украси телото со уште една тетоважа и тоа со болната стара техника на тетовирање со длето и чекан, која всушност е традициоанлна Та Моко техника на народот Маори од Нов Зеланд.

Изгледа Ријана добро поднесува болка со оглед на тоа што не трепна додека тату мајсторот со чекан го чукаше длетото со мастило во нејзината десна рака. Напротив таа со насмевка ја брише крвта.

Тетоважата се состои од симболи во форми на стрели низ целата рака до лактот.

Погледнете ја болната техника на тетовирање

 

- Реклама -