Ријана се разголе за GQ

 

Разголеното тело на сексапилната пејачка Ријана се појави во декемвриското издание на магазинот GQ. Ова е првпат жена да се најде на насловната страница на изданието кое вообичаено е посветено на „мажите на годината“.

За потребите на оваа фото сесија, Ријана сосема се ослободи од својата облека, на моменти покривајќи ги облините единствено со стратешки поставена кожна јакна и неколку парчиња секси долна облека.

Во декемвриското издание на GQ, заедно со провокативната фото сесија е објавено и интервју, кое служи како промоција на најновиот албум на Ријана, Unapologetic.

Меѓу другото, девојката родена на тропскиот остров Барбадос изјави: „Сакам да се чувствувам како жена. Во сите други аспекти од животот мора да имам полна контрола и затоа во врските, сакам да се повлечам и да му дозволам некому да ја води ситуацијата“.

Што се однесува до нејзината музика, Ријана вели дека сака песните да бидат исполнети со надеж и да го подигаат духот, а не сака да бидат лигави или премногу сентиментални.

Новиот сингл на Ријана – Diamonds

- Реклама -