Ријана се откажа од алкохол

25-годишната пејачка престанала да пие алкохол, поради изгледот.Кога консумира алкохол, изведувачката забележува дека нејзината кожа станува груба  и почнува да изгледа лошо.

 

Во такви случи ѕвездата пие многу вода, а ако и тоа не помогне прибегнува до квалитетна козметика.

 

Ријана признава дека поради многуте патувања  и временската разлика, понекогаш не може да спие, а  ако пие претходната ноќ, следното утро нејзината кожа изгледа „стара”. Во интервју за магазинот Elle барбадоската убавица вели дека во секојдневниот живот користи само маскара, кармин и задолжително ги нагласува веѓите.

- Реклама -